Директорката на Македонскиот народен театар, пред сè, а потоа и министерот за култура, треба и мора веднаш да сносат одговорност за скандалот што се случи во петокот навечер.

Симона Угриновска и Хусни Исмаили се подеднакво виновни за дивеењето и сквернавењето во највисоката театарска институција во Македонија, исто колку и лицата на кои им беше дозволено да го направат тоа, а потоа уште и да се фалат со истото на социјланите мрежи.

Во петокот, со дозвола на Министерството за култура, како и самиот МНТ, во новиот објект на театарот се прославуваше 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“, поддржувачи на Шкупи. Беше прикажан и документарен филм за навивачите од Чаир низ годините, а присутни беа и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.

Но, она што требаше да биде „гала свеченост“ на која се доделуваа и признанија, брзо се претвори во фудбалски стадион. Без ронка совест, „Шверцери“ ѝ плукнаа во лице на честа да прослават во институцијата која е врв на културата во Македонија.

На „Фејсбук“ дури и им заблагодарија на сите присутни кои им помогнаа во славењето, особено на гостите од Косово и Албанија.

Скокање, скандирање, бесење, дивеење… За истакнато само албанско знаме, за тоа и да не почнуваме. За ова не треба опис, доволно се видеата и фотографиите.

Но, „Шверцери“ ќе бидат „Шверцери“, а за МНТ и она малку што е останато од културата во Македонија да останат МНТ и култура, потребна е итна реакција.

Ќе има ли барем еднаш доблест некој од СДСМ веднаш, ама веднаш, без одоговлекување или правдање, да сноси одговорност за она што му е работа? Угриновска и Исмаили, вие сте на потег.

Од премиерот во заминување одамна ништо не очекуваме, па ни ова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.