Со какви докази располага премиерот Зоран Заев за случајот „Рекет“, за кој засега има двајца притворени и уште најмалку десетина инволвирани, прашува „Алфа“ во нивната анализа.

Покрај главните точки од скандалозната изјава на премиерот во која тој рече дека нема да дозволи еден педер да ја урне владата само малкумина забележаа дека Заев направил огромна грешка која што Македонија може да ја чини многу, анализира „Алфа“.

Премиерот како што тоа на Алфа и го посочија странски дипломти во Скопје направил груб упад воправосудниот систем со својата скандалозна изјава со која ја згрози и ЛГБТ заедницата, новинарскиот еснаф, но и Европската унија.

Навредувајќи ја Катица Јанева за која Заев вели дека правела идиотски постапки премиерот пред јавноста откри дека тој има пристап до информации кои што со поделбата меѓу судскта и извршната власт не смее да ги има. Во изјавата Заев вели дека според доказите кои што ги има настапот на Јанева бил идиотски.

За мене идиотски е настапот согласно доказите што ги имам, изјави Заев во вторникот.

И токму тој дел од изјавата односно признанието дека тој како прв човек на извршната власт поседува судски докази е огромен проблем.

Целата анализа тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.