Лажна вест е дека ќе го изгубиме идентитетот кога ќе го смениме името на државата! Лажна вест од извртените глави на вмровците е дека ќе станеме Северномакедонци, а владата ќе стане северномакедонска! И оваа мантра на главните актери во обезличувањето на македонскиот идентитет и промената на станото име на земјава е – лажна вест!

Докази има многу, а послениот доаѓа од денеска, многу месеци откако Министерството за надворешни работи на Димитров им испрати упатство за користење именки и придавки на новинарите во светот, а се обиде истото упатство да ни го протурка и нам, на домашните новинари, па уште и да нѐ убеди дека името на државата се сменило, ама во јазикот не се чепнало.

Словенечниот портали Дневник.си пишувајќи за случајот „Рекет“ во Македонија, без отстапка се служи со придавката северномакедонски, односно со именската група Северни Македоци за означување на етникот.

Политичкото решение владата на Северна Македонија да не се вика северномакедонска влада, а владата на Словенија, на пример, да се вика словенечка влада – е токму тоа – политичко решение, мртво решение во живиот и динамичен процес – јазикот. Секој во духот на својот јазик, на своите граматички првила ќе нѐ вика како му налага јазичната логика, а Заев, Димитров и компанија нам ќе ни ги бетонираат очите со идентитетскиот бетон.

Кога веќе еднаш тргнал Дунав, сите ќе нѐ потопи, и вас кои без око да ви трепне се посеверчивте и нас кои не потпишавме посеверчување.

Иако на новинарски прашања дали ќе реагираат за Северномакедонци или Северни Македонци, без грешка владата, премиерот или министрите најавуваат дипломатски ноти, ниту шест месеци од влегувањето во сила на новото имена државава, не видовме одлучна реакција на нашата дипломатија, а уште помалку извинување од странските медиумски куќи, медиумски гиганти.

Е арно ама, затоа насекаде пуштивте глас дека Република е парапортал кој шири лажни вести. Така ли е, министре северномакедонски?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.