Граѓаните ги повикуваат функционерите да се откажат од платите и да ги донираат на медицинскиот персонал кои се на првата линија со борбата со коронавирусот. Особено се повикуваат пратениците кои во моментов не заседаваат. Собранието е распуштено, а поради новата состојба не можат да се спроведат избори.

Дел од нашите пратеници не се согласуваат со ваквите предлози. Велат дека има друг начин како парламентарците да се стават во функција на државата. Други пак велат дека поддржуваат се што е во рамки на уставот и дека од хуманитарните потези не треба да се прави пи-ар.

 Имам три сина. Ако вие ми ги храните ќе се откажам од платата. Пратениците треба да се состанат и да бидат во функција на државата во вонредна состојба, изјави за „Алфа“ пратеникот Хари Локвенец.

Се што е уставно поддржувам. Оној кој помага не треба да се фали со тоа, вели пратеникот Димитар Стевананџија

До сега министерката за финансии Нина Ангеловска се откажа од платата додека на сила се владините перки против ширење корона вирус.

Алфа испрати прашање до владата дали тоа ќе го направат и други министри. Одлуката на Ангеловска била индивидуална

Одлуката на министерката за финансии е доброволна. Владата до сега нема донесено таков заклучок. Доколку има таква одлука и од другите функционери ќе бидете навремено информирани, одговорија од владата .

Колку за споредба во Албанија платите на пратениците и министрите ќе бидат преполовени. Тое е една од мерките на владиниот кабинет за справување со епидемијата на ковид-19. Мерката ја соопшти премиерот Еди Рама. Претседателот Илир Мета самоволно се откажа од половина од платата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.