Новиот министер за здравство Беким Сали  најавува дека  ќе го проширува составот на Комисијата за заразни болести, со цел како што рече во одговор за „Слободен печат“, да се намали бројот на заразени лица од ковид-19.

Имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата. Професионалното работење на ова тело е од најголема важност, а одговорот кон потребите на граѓаните врвен приоритет. Апсолутно го разбирам интересот на јавноста за натамошните чекори поврзани со составот на ова тело, бидејќи околностите бараат засилено и координирано дејствување врз основа на стручни и реалистични проценки. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата.

 

Промените ќе бидат во насока на проширување и дополнување на составот на телото, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Во оваа Комисија веќе има доста искусни професионалци во своите области, според што натамошните чекори ќе подразбираат надградба, усовршување и професионализација. Целта на овие мерки е, секако, намалување на бројот на заразени лица, како и воопшто заштита на јавното здравје, во најдобар интерес на граѓаните – рече Сали, не прецизирајќи дали се точни шпекулациите дека на чело на Комисијата ќе се најде некој друг на местото на д-р Жарко Караџовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.