Денес се одржува седмата седница на Централниот одбор на НСДП. На Дневен ред на седницата ќе бидат повеќе точки во врска подготовките на Петтиот Конгрес на партијата, кандидатурите и изборот на следниот Претседател на НСДП, кој ќе се одржи на 04.06.2022.

Пред настанот, Организацискиот Секретар и Кандидат за Претседател на НСДП даде изјава за присутните медиуми. Во прилог ви ја пренесуваме неговата изјава во целост:

Ја поднесов мојата кандидатура и програма согласно сите услови и рокови предвидени со Правилникот за избор и кандидирање на Претседател на НСДП кој го усвои самиот Централен Одбор. Иако сум единствен кој поднесе кандидатура и програма согласно Правилникот, верувам во демократскиот дух на партијата и дека ќе имаме успешни и демократски избори за Претседател на партијата на претстојниот Конгрес на 4 јуни – рече Трајковски.

Прашан што доколку денес Централниот одбор сепак донесе одлука да има само еден кандидат, односно Горан Мисовски, Трајковски одговори дека самиот Правилник предвидува кандидатура за Претседател да може да биде пријавена и на самиот Конгрес и дека планира да ја искористи и таа можност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.