Новинарот Бранко Героски во својата нова колумна пишува дека некој се обидува да ја искомпромитира истрагата за аферата „Рекет“.

Кому и зошто му било потребно токму сега, пред понеделничките апсења што ги најавува Јовче Ременски, сопругот на Фросина, да биде објавен записникот од исказот на Јордан Камчев пред обвинителката Вилма Русковска? Кои се мотивите за овој опасен фаул?, прашува Героски.

Тој исто така и упати порака до власта дека е доста резилење, мислејки на денешните најавени тужби на Заев, Шекеринска, Димитров, Ременски..кои дирекно упатија закана врз слободата на изразување и затоа е подобро веднаш да престанат. Героски потесетува и на фактот дека Заев и Шеќеринска се политички одговорни за „Рекет“, но засега нема индиции за нивна кривично-правна одговорност.

Јавното обзнанување на записникот од исказот на бизнисменот Орце Камчев пред обвинителката Вилма Русковска за аферата „Рекет“ е сериозен фаул врз истрагата. Настрана фактот што само по себе е скандал протекувањето документи од обвинителството чија задача е да ги открива организираниот криминал и високата корупција. За тоа очекуваме жолти и црвени картони во оваа институција. Но, се наложува и потребата од малку посериозна анализа на мотивите за ова обзнанување, особено сега, во периодот кога по притворањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, истрагата влегува во нејзината најделикатна фаза.

Патем речено, би сакал да укажам и на фактот дека објавувањето на овој материјал од истрагата и неговата (зло)употреба најверојатно е проблематично од правен аспект, до степен што јавниот интерес сепак нема да може така лесно да ги оправда активностите на новинарите што би значеле попречување и компромитирање на истрагата. Оттаму, без оглед на фактот што интензивно пишувам за аферата „Рекет“ веќе долго време, јас лично не би си дозволил да објавам ваков документ. Тоа, пак, не ја оправдува хистеричната најава на тужби за новинарите, од страна на премиерот Зоран Заев, од министерката Радмила Шеќеринска, од Фросина Ременски и од другите. Оваа канонада со право ќе се протолкува како закана врз слободата на изразување и затоа е подобро веднаш да престане. Доста беше резилење.

Заев и Шеќеринска се политички одговорни за „Рекет“, но засега нема индиции за нивна кривично-правна одговорност, стои во колумната на Бранко Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.