Кој го притисна директорот на струмичката болница Наке Гогов за еден час да го повлече статусот во кој моли за донација за амбулантно возило?

После сите негативни коментари го повлекувам статусот и упатувам апел да не се донира, напиша Гогов на Фејсбук и го избриша претходниот статус.

Негативните коментари не се упатени на сметка на Гогов, напротив, на сметка на премиерот Заев и неговото семејство, кое е апсолутен господар во Струмица, а поседува и завиден возен парк, и секако кон министерот Венко Филипче, чија сопруга среде кризата се поднови со мерцедес од 50.000 евра.

Лицемерно е струмичани да ја добијат потребната медицинска помош во пандемијата поради дотраеност на возниот парк, а Заев и Филипче додека се чекаат странски донации, да се развезуваат со скапи автомобили и мотори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.