Мафија владее со Република Македонија. Вчерашните аудио материјали тоа го потврдуваат. Вчера бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев кој беше премиер на државата и претседател во моментов на СДСМ, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ ‘ вака ВМРО-ДПМНЕ денеска ја оцени вчерашната бомба на која можеше да се слушне како со амин на Заеви.

Од 2017 година навака јавноста често слушаше за запалени возила кои никогаш не се откри кој е сторителот. Во аудио бомбата се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците на тендерите во Рек Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот и во која Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Во следниот текст се дел од возилата кои гореа во последните неколку години.

Јавноста запраша: Дали Тушникот е дел од поголема група од подземјето која со “амин“ на семејството Заеви ги палеше автомобилите во изминатите две и пол години ширум државата.

Се чека на обвинителството дали ќе покрене постапка по оваа оаудио бомба. ВМРО-ДПМНЕ денеска ја повика обвинителката Вилма Русковска да ги повика протагонистите од аудио-снимката и нивните активности да бидат истражени од страна на Јавното обвинителство.

Нетпрес вчера објави дека Горан Димовски – Тушникотминува низ евиденцијата на Министерството за внатрешни работи. Тушникот кој на социјалните мрежи се прикажува како приврзаник на СДСМ, и според таму наведените тврдења е дел од „екипа за брза интервенција“, се водат кривични постапки за седум дела, како лихварство, измама и тешки кражби.

Се отвора прашањето дали оваа аудио-бомба открива ново светло за односите во македонското подземје? За потсетување, на 21 минатиот месец во пекарата, сопственост на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, која се наоѓа на главната улица во Ѓорче Петров, беше фрлена експлозивна направа. Дали и тука споменатите во бомбата дадоа зелено светло?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.