Ставот на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција e да се однесува државнички, но како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ како власт, според претседателот Христијан Мицкоски, не треба да биде дилема – исто така, државнички.

ВМРО-ДПМНЕ е опозиција која одлучи со демократски алатки, со идеи да се бори против оваа недемократска власт. Најлесно ќе ни беше да боиме, да кршиме, да пишуваме писма, да опструираме процеси, но ние го ставивме државниот интерес на прво место, рече Мицкоски вечерва во новогодишното интервју за МРТВ.

Ние не можеме да ја игнорираме реалноста којашто е резултат на капитулантските однесувања на СДСМ и Зоран Заев. Не не терајте да создаваме нова реалност. Во ниеден договор не стои дека мора Армијата да се преименува. Ајде се што е технички неопходно да го гласаме во тој закон за да бидеме дел од НАТО, рече Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш повтори дека доколку ВМРО-ДПМНЕ освои доволно пратеници според законите и Уставот и Бадинетеровото мнозинство ќе направи чекор назад за ревидирање на Преспанскиот договор.

Доколку тоа го немаме, повторно ќе имаме некоја реалност во државата и повторно ќе разговараме за таа реалност, но денешната реалност апсолутно никаде не не обврзува да ги промениме сведителствата со новото име на државата. Тој договор ќе обврзува откако ќе го отвориме поглавјето образование, во рок од 5 години да го имплементираме тоа. Кој го натера претседателот со указ да го промени името на Армијата? Па има Закон за Армија. Во оваа држава има закони, а претседателот не го почитува тој закон. Тоа не е имплементирање, тоа институционално силување. Тоа не е почитување на договорот, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.