Мицкоски го поддржува Договорот со Бугарија или владата ја искористи средбата меѓу лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски и бугарскиот премиер Бојко Борисов, па побрза да го преправи интернет просторот со лажни вести за средбата? Како ретко која средба на Мицкоски со странски дипломати или државници владините апаратчици ја покрија средбата со бугарскиот премиер, а СДСМ побрза да одржи прес-конференција со која преку зборовите на Хари Локвенец ќе ги валоризира лагите.

„Мицкоски прозборе бугарски“, „Мицкоски го поддржува Договорот за добрососедство“, „Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија“ – се само дел од агресивните наслови што синоќа и преку ноќта ги преплавија агрегаторите со цел лагата кажана илјадапати да стане вистина.

Откако стигна демантот од Загреб, во кој Мицкоски прецизно одговара што разговарал со Борисов, агрегаторот Тајм.мк ја презема улогата на расчистувач, па порталите кои го објавија демантот на лажната вест на владината пи-ар машинерија, ги потисна до невидливост

Цела пропагандна машинерија на владата во заминување пуштена на најјако во ширење лажни вести, па наместо хронолошки, вестите на Тајм.мк се редат по вкусот на власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.