Портпаролот на ВМРо-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, јавно прашува дали постои земја во којашто што бегалец од притвор, по фаќањето завршува во домашен притвор, како што беше случајот со Сашо Мијалков.

Зоран Заев, Костадин Костадинов и СДСМ имаат потреба да се дообјаснуваат за циркусот кој го направија. Но, никој во државата, па ни самиот Костадинов не верува во зборовите за владеење на право и правна држава со власт на Зоран Заев.

 

Во која земја бегалец од правдата, откако е фатен завршува во куќен притвор? И сам се шета пред медиуми. Ова укажува на можен договор меѓу Заев и Мијалков. Па затоа ли Заев за Милјаков озвозможува екстра услови и екстра третман – истакнува Стоилковски.

Стоилковски додава дека власта на Заев целиот систем го впрегнала во заштита, компромис и пазарење со криминалот.

Ова е класичен циркус и исмејување на правната држава и владеењето на правото, но пред се потценување на интелегенцијата на јавноста.

 

Системот за кој што самиот Оливер Спасовски говореше дека не функционира, всушност е нивната власт. Тоа е така затоа што власта на Заев целиот систем го впрегнала во заштита, компромис и пазарење со криминалот.

 

Јавноста препознава договор со анекси. За да го пуштат, па анекс договор за да дојде. Поради силните и бурни реакции на граѓаните и надворешни фактори мораа да отстапат од планот. Впрочем, затоа Заев, како што и сам брифираше, вчера викал судии, обвинители кај себе во кабинетот. Тоа значи Заев сам се легитимираше како врвот на пирамидата на мафијата и координатор на пазарењето со правдата кој под контрола ги чува обвинителите и судиите. Смешни се во обидот ова да го оправдаат.

 

Поради ваквата коалиција на Заев со криминалот, младите ја напуштаат државата, не гледаат перспектива и иднина. Поради коалицијата власт-криминал државата тоне и се уништива.

 

Но овој циркус покажа дека нервозата и паниката растат во СДСМ и ќе кулминираат во моментот кога ќе заминат од власт – порача Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.