Фондот за пензиско и инвалидско осигрување во Неготино доби нова табла. Покрај она „Северна“, новиот напис на институцијата ќе го краси и превод на албански јазик. Ова се случува во град каде бројот на жители од албанска националност искажан во процент е 0,01 отсто!

Своевремено, лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, се чудеше кој тоа ќе спроведе двојазичност на територија на цела Македонија.

Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа, зборуваше Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.