Зошто му се на Јовче Ременски имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље? Дали уценувал или планирал да уценува некого? Дали се заканувал или нудел заштита на осомничени и инволвирани лица? Овие сериозни прашања кои се наметнаа откако вчера јавноста се вознемири со информацијата дека соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури ги постави денеска на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Устата им е полна со наводен ветинг, а немаат информација дека нивни функционер ја изнесувал доверливата архива и си правел сопствена. Како е можно овој човек да го мине филтерот за влез во новата Агенција за Национална Безбедност, а згора на сето тоа и да врши селекција на останатите кадри оценувајќи ја нивната работа. Зошто Агенција за национална безбедност, кога дознала дека кај Јовче Ременски се пронајдени информации и документи од истраги, не го суспендирала и не започнала постапка против него? Има ли удел Јовче Ременски во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет, праша Ѓорѓевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.