ВМРО-ДПМНЕ бара декласификација на вакцинираните за да се симне сомнежот дека има вакцинирани преку ред.

Доколку Филипче продолжи да бега и не ја објавува листата на вакцинирани само ќе се потврдат тезите објавени во медиумите дека одредени владини функционери се вакцинирани преку ред. Дали постојат уште случаи како тој со вакцинацијата на секретарот на болницата во Струга, па Филипче ги крие или пак вакцинирани се високи владини функционери или нивни фамилии? Со молчењето Филипче само за кратко ја штити својата фотеља, но ја загрозува цела Македонија, рече денеска Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.