Иако повиканите институции 10 дена молчат, нивниот молк гласно говори дека скандалот со трајната неспособност на дезертерот Ковачевски е многу голем.

Прво дезертерот Ковачевски има тапија за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со цел да не служи воен рок, односно да не одговори на повикот и обврската кон државата. Тоа значи дека за да избегне обврски кон државата трчал по документи и оправдувања , а сега без срам е седнат на државна фотелја.

Второ, дезертерот даде два контрадикторни одговори на темата за јавноста, еднаш велејќи дека не служел воен рок заради школување,а втор пат заради хируршки интервенции. Кога лажеше Ковачевски, тогаш, сега или и тогаш и сега?

Трето, доколку се работи за некој сериозен психо-физички проблем кој го направил трајно неспособен за служење на воен рок, тогаш постои оправдано сомнение за неговата деловна способност и тоа мора итно да се провери и утврди – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:
Како четврто, доколку Ковачевски лажел, не бил лојален кон државата или има сериозен проблем кој го прави трајно неспособен, тогаш се поставува прашањето зошто поседува се уште безбедносен сертификат.

Сите овие прашања мора институциите да ги одговорат кога веќе Ковачевски бега и се крие.

Тактиката за кукавичко бегање нема да го спаси од одговорност. Се ќе се дознае порано или подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.