Дали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кога пред неколку недели констатираше дека Делчево е безбеден град, мислеше токму на ваквите настани кои ги прикриваат лично тој, полицијата и останатите надлежни институции?, прашува ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево, откако помина второто деноноќие по информациите за физичка пресметка во кафе бар во центарот на Делчево.

Молчат институциите, молчи МВР, молчи градоначалникот Трајковски, молчи претседателот на Советот на Општина Делчево, молчи цел СДСМ.

Наместо да биде осудено насилството и инволвираните да бидат санкционирани и казнети, од власта немаат што да кажат, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ на Делчево.

Во обид да се расчисти случајот со цел истиот да не се повтори од ОК на ВМРО ДПМНЕ на Делчево прашуваат.

Дали Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски кога пред неколку недели констатираше дека Делчево е безбеден град, мислеше токму на ваквите настани кои ги прикриваат лично тој, полицијата и останатите надлежни институции?

Дали Претседателот на Општинската Организација на СДСМ и член на Советот на Општина Делчево учествувал во крвавата тепачка? Кои се причините и дали овој висок партиски функционер на СДСМ ќе сноси некаква одговорност пред надлежните органи?

Дали Претседателот на Советот на Општина Делчево ќе побара морална одговорност од членот на Советот и негов сопартиец преку барање на оставка од членство во Советот?

Дали градоначалникот на општина Делчево јавно ќе го осуди настанот со цел истиот да не се повтори повторно?

Дали Горан Трајковски конечно ќе реши да го спроведе законот па неместо да го рекламира објектот дивоградба на општинската фејсбук страна во кој што се одиграл немилиот настан ќе смогне сили да го спроведе законот почнувајќи од своите партиски редови?

Според ОК на ВМРО ДПМНЕ на Делчево, нивните сограѓани заслужуваат одговор.

Бандитизмот и насилството не смеат да бидат толерирани независно што доаѓаат од високи партиски структури на СДСМ.

Одговорност мора да има.
Обновата на Македонија доаѓа на 12-ти април а со неа правдата која мора подеднакво за секој граѓанин да биде достапна!, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ на Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.