„Оскарот“ за најдобар документарен филм синоќа на 92. доделување на наградите од Американската филмска академија замина во рацете на екипата на филмот „Американска фабрика“. Во говорот после добиената награда, продуцентката Џулија Рајхарт се заблагодари што е во друштво на извонредни и храбри колеги документарци.

Зборувајќи за филмот „Медена земја“, таа кажа дека е приказна за Македонија.

Покрај тоа што е продуцент на првиот филм на продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“, Рајхарт е и еминетна универзитетска професорка, која точно знае кое е официјалното име на Македонија, но сепак одлучи да не ја споменува насилно додадената географска одредница во уставното име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.