Зоран Заев се бори за да опстане на власт за да може тој и неговите пајташи да го крадат македонскиот народ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Журнал“.

ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, буквално на целокупно ниво, и на локално практично и на државно. Така што јас би сакал да ги споредувам периодите и политиките на однесувањето на еквивалентна основа, позиција – опозиција, власт –власт. Ако го споредувате однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кога беше опозиција ќе ви дадам еден пример. Ние да речеме работевме заедно со оваа власт, ние велевме реформите пред сè, ќе учествуваме во реформските закони, ќе ги подобриме, ќе ги подржиме во парламентот. Затоа што тоа е условот за да Македонија остане на европската траекторија, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека СДСМ кога беше опозиција, кршеше, бојадисуваше, уништуваше државен имот. Во техничката влада министрите пишуваа писма по светот, ја загрозуваа макроекономската стабилност.

Начинот на однесување на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција и СДСМ како опозиција може да се споредува. Имаме еден зрел, државнички и имаме еден помалку или повеќе примитивен начин на однесување. Зошто, за да се дојде до пуста власт, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.