Во интервју за Нова Македонија професрката Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка поддржана од коалиcијата на ВМРО-ДПМНЕ, не сака да калкулира со бројки за тоа што за неа е успех во првиот круг на изборите во однос на бројот на гласови.

Зад бројките стојат вистински луѓе, луѓе што бараат право, правда и надеж дека нештата ќе се променат на подобро. Начинот на кој сум примена на терен ми дава право да верувам во успешен прв круг, со мнозинство гласови на моја страна. Вистинскиот предизвик ќе биде вториот круг, и тогаш многу нешта ќе се разјаснат и дилемите ќе се отстранат, вели Силјановска Давкова.

Таа смета дека дефинициите за „кристално чисти“ или „добро организирани“ избори се резултат на изборните нерегуларности од изминатите години, но и на недовербата и симнатите стандарди кај меѓународните посматрачии

Во ваква политичка атмосфера, во ситуација кога целата влада на чело со премиерот е активно вклучена во кампања, наспроти сите меѓународни стандарди, мораме да бидеме будни. Јас сум експерт за избори на ОН и, верувајте, знам дека демократски избори се само оние што се фер и регуларни, спроведени во согласност со законот и меѓународните кодекси. Не сум ослободена од сомнежи, но подготвена сум да се борам, дури и кога нема ни В од витешка борба на аргументи на која се надевав. Очекувам меѓународните и домашните набљудувачи да бидат објективни, не заради нечиј интерес, туку заради Македонија и нејзината европска иднина.


Целото интервју ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.