Каде се парите кои Орце Камчев ги има дадено за својата слобода?! Каде завршила Луј Витон чантата полна со евра?! Ова се прашањата на кои јавноста бара одговори, но обвинителите денеска не дадоа одговор. Кажаа каде не се, но не кажаа каде се.

Според обвинителите парите не завршиле кај странски и домашни политичари. А каде завршиле? Ете кутрата Јанева зела само 5 000 евра во мебел и други предмети. Остатокот?!

Полицијата денеска по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Се појави информација дека се апсат и политичари, почнаа коментари дека се работи за Кики, Фрики, Зоки Поки, но ваквата информација беше демантирна од страна на обвинителите.

Останува нејасно што е со мозоците на целиот овој скандал. Кога ќе се стигне до мозоците на случајот односно Фрики, Кики, Шеки и другите лица раскажани со псевдоними?

Упатените коментираат дека сега случајот треба да добива расплет, а не со ова да се заврши.

И аналитичарот Ивор Мицковски со свој коментар:

Не паѓајте на мебел и извадете скелетите од ормарите.
Овде проблемот е системски, „малите” бенефиции се само последица на голем криминал.
Се повеќе иде во насока дека се правеле случаи и изрекувале мерки за да се прави рекет

Ќе добие ли јавноста одговор на прашањата за кои заслужува да добие…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.