Додека владата и Данела Арсовска си ја префрлаат топката кој е виновен, скопјани страдаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес штрајкот во ЈСП е последица на двојната неспособност на владата и на Данела Арсовска.

Нивната коалиција се гледа и во гласањето во градот Скопје, каде СДС, дел од крилото на ДУИ беа против итноста на седница каде ќе се префрлат пари за вработените во ЈСП. Против тоа беше и неспособната медарка Данела Арсовска.

Тендер коалицијата Арсовска СДСМ го упропастуваат градот.

Навистина е жално што трпи град од 600 илјади жители.

Жално е што гледаме како претпријатие по претпријатие нешто што со години е градено оди во неповрат, стои во соопштението на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.