Функционерот на СДСМ, кој на минатите избори објаснуваше зошто е многу важно да се поседува членска книшка од СДСМ, и на овие слободно ќе агитира за својата партија. Овојпат Курто Дудуш ќе има и личен пример да им покаже на жителите на неговата општина, Шуто Оризари, како се користи членската на СДСМ како втора лична карта.

Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш денеска седна на обвинителна клупа за нападот на Демир Исмаил. Во судницата Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното, а судијата Ѓоко Ристов на функционерот на СДСМ му изрече казна „судска опомена”.

Нападниот Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели. Претседателот на Европската ромска дијаспора „Асва“ го обвини Дудуш дека го нападнал за време на одржувањето на Ромскиот бал, а смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

 

Претходно Дудуш ги користеше сите правни можности за да ја избегне правдата. Основен суд Скопје 1 по првото рочиште одлучи, со спогодбена одлука да се реши случајот во кој Дудуш, физички нападнал свој некогашен соработник.

Подоцна, откако беше објавена и снимка како градоначакникот го тепа Демир Исмаил, тој претиснат од медиумите и јавноста пред камерите на Алфа си ја призна вината за аудиоматеријалите, но на останатите прашања наместо да одговори го сврте грбот и си замина.

Спасовски веќе еднаш го спаси

Дудуш повеќе од месец дена се обидуваше да го заташка случајот со малтретиранот и тепан Исмаил, Министерството за внатрешни работи, наместо да преземе конкретна акција, молчеше за случајот, но се обиде и да ја замолчи јавноста. Јавното обвинителство, исто така, не презеде никаква иницијатива да го истражи случајот.

Иако од власта го осудија случајот со насилството и ветија дека ќе има истрага, тој скоро еден месец слободно си ја извршуваше функцијата без никакво обвинение. Тогаш медиумите пишуваа дека во заташкувањето на случајот бил вмешан министерот Оливер Спасовски, кој интервенирал да пријавата да се преименува во поплака за да може да се спаси градоначалникот Курто Дудуш.

Поплаката ја потпишал, полицискиот службеник, полицискиот службеник Волковски Љупчо.

Ова не му е прв случај на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, го тепаше и Сенат Јашар.

Прво ме тепаше градоначалникот, а потоа советникот негов. Ме удираа со тупаници и шамари, ова е дел од сведоштвото на жртвата киднапирана и тепана од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Жртвата во интервју за Алфа Тв сведочеше за инцидентот кој се случи во април годинава, а за кој јавноста дозна преку објавената аудио снимка. Жртвата тврди дека наводно градоначалникот ја заклучил вратата од просторијата, а клучот го извадил од бравата за потоа да биде тепан во пределот на главата.

 Наводно јас сум го пцуел него и фамилијата. Од тоа нема буквално ништо, раскажа тоагш Сенат Јашар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.