За очекување е Дескоска кога брани криминал да пробува да изнесува лични квалификации и небулозни тврдења, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев реагирајќи на статусот на министерката за правда Рената Дескоска.

Ја читам министерката за правда, Дескоска, како дели лекции кој знаел, а кој не знаел право. И за очекување е Дескоска кога брани криминал да пробува да изнесува лични квалификации и небулозни тврдења. Но, не е за очекување да мисли дека тоа ќе и пројде во јавноста лесно и никој нема да ја праша еден ден што правела како министер за правда во најкорумпираната влада досега, ѝ порача Јанушев.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.