Кое е тоа независно судство кое се согласи со она што го направија пратениците, со Законот за амнестија, со измените на Кривичниот законик за да се заштитат некои потенцијални обвинети? Не, судството требаше да си суди според Уставот и законите, рече Силјановска Давкова вечерва пред битолчани.

Безброј пати ме прашаа зошто не сум ги осудила јасно и гласно настаните од 27 април? Не знам колкупати јасно и гласно сум рекла дека секој кој сторил дело, треба да одговара. Ама тие со нивните Закон за амнестија ги амнестираа оние кои имаа исти обвиненија како луѓето кои останаа во затвор. Не само што ги ослободија од притвор за да можат да гласаат, потоа целосно ги ослободија, па и ги наградија. Тоа ли е право и правда? Не! Јас мислам дека до било која цел не се стигнува со кршење на правото, рече Силјановска-Давкова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.