Како понатаму? За да одговорам на ова прашање, ќе потсетам дека во 2020 г. се навршија 700 години од појавувањето на делото „Божествена комедија“. Македонија во 2021 г. е распарчена, разнебитена, понижена од расправии, неукости, корупции и дивеења. Парафразирајќи го Данте во „Божествена комедија“, да замислиме дека се будиме во темна шума, воздухот е горчлив, сенките се застрашувачки. Свесни сме дека во Македонија сѐ е наопаку. Но кризата во Македонија е истовремено момент на можност, своевидна катарза, момент на расплетување, решавање и отплеткување, момент што доаѓа на почетокот на она што Данте го нарекува комедија. Така се надевам дека и кризата во Македонија ќе се реши, расплетка, надмине, расчисти. Прашањето не е дали тоа ќе се случи, тоа мора да се случи, но како? Ги знаеме чекорите, ако не знаете, прашајте, видете, осврнете се, не е погубно ниту за вас, ниту за Македонија, туку напротив, тоа е единствениот спас за сите, а погубно и срамно е ова што досега ни се случуваше. Решенијата треба да се прости и строги, но и мудри и достоинствени.

 

 

Ова,  е дел од  колумната за „Нова Македонија“ го пишува претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.