На предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Коалицијата за подобра Македонија едногласно се преименува во Коалиција за обнова на Македонија, изјави вечерва првиот човек на најголемата партија во коалицијата. На паузата меѓу двата дела на состанокот Мицкоски за медиумите изјави дека ги информирал коалициските партнери за вчерашната лидерска средба и предлложил името на колаицијата да се промени, што било едногласно прифатено.
Мицкоски рече дека остварува средби со партии кои сакаат да ѝ се приклучат на оваа коалиција, а дел од нив, рече, синоќа биле на коалициската средба на Бихаќка.
Средбата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските парнери продолжува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.