Долг од седум милиони евра може да го остави клинички без струја, дознава „Телма“, сподед чии информации скопските клиники три години не ги плаќале сметките, ниту пак доставиле гаранција, која би ги спасила од исклучување.

Од ЕВН за Телма потврдија дека клинички е еден од поголемите должници. Водени од правилникот на РКЕ, побарале банкарска гаранција, но не ја добиле.

ЕВН побара банкарска гаранција од Kлинички центар, но ја немаме добиено. Доколку не ја достават за период од еден месец, може да бидat исклучени, согласно Правилникот за снабдување, велат од ЕВН.

И покрај тоа што станува збор за здравствени објекти од круцијално значење, правилникот на РКЕ е јасен – ако фактурите не се плаќаат, а нема гаранција, и болниците можат да останат без струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.