Мислам дека една резолуција во Собранието ќе ја стави црвената линија до кај било која власт, не само власта на СДСМ туку и власт на ВМРО-ДПМНЕ смее да преговара. Од друга страна со декларација во Бугарија, декларација во Скопје може да стане јасно дека ние го смрзнуваме судирот со Бугарија. Како и да е важно е една општествена расправа за до каде е нашата спремност за компромис со Бугарија, истакна Сашо Клековски, политички аналитичар за вестите на телевизија Сител.

Клековски додаде дека ако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека националниот интерес им е над се, тоа треба да демонстрира способност да се надминат теснопартиските интереси и овој спор за заштита на македонските анционални интереси. Примарната одговорност ја има власта

Власта е таа што ја има моќта, значи Владата на СДСМ како сакате кажете е таа што треба да организира и поттикне политички дијалог за градење на едни заеднички позиции“, нагласи Клековски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.