Нема дилема кој ќе победи на следните парламентарни избори туку кој ќе може да направи влада, смета аналитичарот Сашо Клековски.

Во анализа на резултатите од анкета за рејтингот на политичките партии во емисијата Детектор на Сител Клековски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи како што победи на последните парламентарни избори но нема гаранции дека сигурно ќе направи влада.

Кој ќе ја води владата зависи од капацитетот на победникот односно на сегашната опозиција да направи коалиција и да дојде до стабилна влада од најмалку 61 пратеник, смета Клековски кој остава можност СДСМ и со нов пораз во коалиција со сите албански партнери да направи влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.