Извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Сашко Клековски смета дека доколку одлуката на Франција остане иста до петок,  да нема почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ, треба да веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори за Македонија да не влези во ситуација на ќорсокак.

Сметам дека треба да имаме предвремени парламентарни избори. Ако има НЕ во овој случај, мислам дека треба да одиме на избори за да избегнеме лизгање надолу – вели Клековски при вечерашното гостување во емисијата Отворено на телевизија 24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.