Политичкиот аналитичар и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, во вечерашната Топ Тема, вели дека лично нема ништо против внесувањето на останатите етнички заедници во Уставот, но смета дека е неблагодарно да се ставаат во ист кош Бугарите со Хрватите и Црногорците.

И покрај тоа што барањето за Бугарите во Уставот е поставено на крајно непријателски контекст, и ги ставаме во ист кош со Хрватите, кои ниту еднаш низ историјата не кажале нешто навредливо за Македонија, постојано биле на страната на Македонија, многу, многу пред Југославија да постои, и имаме основа за реципроцитет бидејќи имаат гарантирани со Устав права во Хрватска, и етничките Македонци и етничките Албанци. Имаат заштита, државно финансирање, има нова православна црква во Загреб, а од друга страна сите ги ставаме во ист кош, смета Клековски.

Според него противењето произлегува од фактот што никој не може да гарантира дека ова ќе биде последното барање на патот кон ЕУ.

Ние сите ќе бидеме среќни ако Холандија ни стави вето затоа што ќе изберат лош јавен обвинител за организиран криминал. Би биле пресреќни да затоа нѐ блокираат. Нас нè плаши дека ќе не блокира Јотова, која ќе рече „па кои се тие Македонци?“ и тоа во Битола ќе го каже, и тоа ќе се премолчи, вели Клековски, додавајќи дека не може да види дека постои искрена желба за добрососедство од бугарската страна.

Клековски го повтори ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во оваа фаза не е возможен консензус за прашањето за уставни измени и единствен излез се предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.