Цело СДСМ е претворено во најголем и најопасен заразен кластер на Ковид 19. Со нивното ризично однесување ги доведуваат во прашање и сопствените животи и здравјето на граѓаните. Доколку партијата и функционерите на Заев ги почитуваа мерките и препораките на здравствените експерти немаше да се претворат во најголем кластер, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради неспособноста на владата на СДСМ, Република Македонија е рекордер по бројот на заразени и починати лица на целиот Балкан.

Лагите кажани од Заев, Спасовски и Филипче излегоа на виделина.
Повеќе е јасно дека тие се целосно изгубени и не знаат и не умеат да се справат со оваа ситуација па сега сите други им се виновни освен самите тие. Наместо да се погрижат да се надмине оваа ситуација тие сакаат да собираат политички поени за да го ублажат поразот.

Овие три години откако се тие на власт освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не видоа ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот.

Трите години власт на СДСМ и Заев донесоа хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија и тоа народот ќе знае да го казни соодветно, потенцираат од опозициската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.