Со Законот за јазици Македонците се дискриминирани, посочува академик Катица Ќулавкова.

Законот за јазици на ДУИ/СДСМ не гаранира ни едно општество за сите, ни мир, ни напредок, напротив, со него општеството е фрагментирано, Македонците се дискриминирани, институциите се неефикасни, буџетот е оптоварен, револтот е голем, регресираме, нема разбирање по ниедна основа, вели Ќулавкова.

Веднаш по извештајот на Венецијанската комисија, Ќулавкова потсети дека таа и нејзините колеги одамна предупредуваа за суштинските недостатоци во Законот за јазиците

Законов е спротивен на ЕУ Повелбата за регионални и малцински јазици. Албанскиот јазик се наметнува како државен јазик на цела територија, во сите институции и сите нивоа, што е хибриден напад на унитарноста, порача Ќулавкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.