Преспанскиот договор не наметнува промена на името на Македонската академија на науки и уметности, вели академик Катица Ќулавкова, додавајќи дека нечиј друг интерес е тоа МАНУ да стане „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“.

Отпор е неопходен за да се осуети целосната ентропија на државава и на македонските национални институции. Откажете ја постапката за промена на името на Македонската Академија на Науките и Уметностите. Преспанскиот не наметнува промена на името на МАНУ. Нечиј друг интерес е тоа, вели академик Ќулавкова.

Собраниската Комисија за oбразование, наука и спорт денеска ќе дискутира за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Во моментот во Ману се случува судир помеѓу слободно мислечките академици и групата која поради идеолошки причини или лични бенефиции од власта ги поддржува позициите на Зоран Заев и Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.