Aкадемик Катица Ќулавкова на 7 јули имаше обраќање на промоцијата на четири тома посветени на македонскиот јазик. За оваа проблематика на есен таа ќе објави подолгата верзија во списанието на Институтот за македонски јазик. Обраќањето е насловено „Македонскиот јазик – континуитет во време и простор“ каде што полемизира околу актуелни прашања за македонбскиот јазик.

„ Во 19 век имало одредени обиди за создавање заеднички словенски јазик врз основата на македонското и бугарското наречје. Тогаш македонскиот учен полиглот Партениј Зографски предложил основата на тој заеднички јазик да бидат југозападните македонски говори, затоа што – смета тој – се поубави од бугарските. Таа иницијатива не била прифатена од бугарските филолози, за што подоцна има полемики меѓу нив. Во услови на укината Охридска архиепископија која, од Х век до XVIII (1767), претставувала заштитен јазичен и културен, а не само православен чинител на Македонците, во услови на вековна јазична, економска, политичка и образовна доминација на византиските Грци, во услови на нееднаков однос на западноевропските политички центри спрема балканските народи, во услови на извесна воздржаност на младата македонска буржоазија која не ги поддржувала финансиски македонските јазични и национални процеси, подоцна, кон крајот на 19 век, и во услови на недвосмислени антимакедонски пропаганди, било цело чудо како се јавувале индивидуални обиди да се создаде граматика на македонскиот јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.