Кому му одговара прашањето за името да биде параван за процесот на создавање на една нова Македонија, различна од сегашната, прашува академик Катица Ќулавкова.
Грците ли бараа да се исфрли АСНОМ и да се воведе Охридскиот рамковен договор во Преамбулата на Уставот? Чиј интерес е преговорите за името на државата да се претворат во покритие за ревизија на државата, прашува академик Ќулафкова.
Грците ли бараа да се исфрли АСНОМ и да се воведе Охридски Рамковен договор во Преамбулата на Уставот? Чиј интерес е преговорите за името на државата да се претворат во покритие за ревизија на државата?
— Katica Kulavkova (@kkulavkova) December 14, 2018
Од јавно достапните документи досега можеше да се види дека Грција бараше од уставот да се исфрлат сите елементи кои говорат за обединување на македонскиот народ, но грчката страна ниту еднаш не спомена ниту побара во уставот да биде вметнат Охридскиот договор со кој Македонија добива нова уставна форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.