Академик Катица Ќулавкова во вечерашното гостување во емисија Само вистина на Канал 5, праша ако е точно дека со Преспанскиот договор потпишан од Владата на СДСМ се зацврстил идентитетот тогаш зошто Македонската академија на науките и уметностите треба да го промени своето име.

Ако е точно дека ние сме го зацврстиле идентитетот, тогаш зошто ние треба да го смениме името на МАНУ – праша Ќулавкова.

Таа смета дека акронимот МАНУ не смее никако да се промени бидејќи преку тоа име е позната институцијата и дека доколку тоа се направи тогаш Македонската академија на науките и уметностите тотално ќе се обезличи пред целиот свет.

Јас мислам дека ние акронимот во никој случај е смееме да го смениме бидејќи МАНУ е симбол на таа институција кој не претставува во цел свет и навистина ќе се обезличиме тотално како институција ако сега тука нешто менуваме – рече Ќулавкова.

Според нејзе само македонски народен театар останал со стариот назив, бидејќи во државата има Албански и Турски театар.

Од сите нaционални установи го задржа називот „македонски“ само Македонскиот национален тетатар само затоа што како пандан, значи паралелно има Албански и турски театар – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.