Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија. Македонија нема друг пат освен добрососедството. И Бугарија и Македонија и Грција и Романија се мали за да имаат сопствена улога во големата геополитика. Единствено со членство во сојузи, барајќи пријателства и добрососедство и проширување на своите контакти во економијата, во политиката, во образованието, во културата може да направиме големи постигнувања, рече бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук одоговарајќи на новинарско прашање во врска со последните резулатите од анкетата на ИРИ за расположението на Македонците кон ЕУ и ставањето на Бугарите во Уставот.

Тој додаде дека ги почитуваа ставовите на македонските граѓани доколку процениле дека таква е актуелната политичка ситуација, но потенцираше дека полтичарите играат важна улога за тоа како размислува едно општество.

Ако патот на Македонија е во ЕУ и сите работиме на тоа и тежнееме кон тоа, тогаш јас мислам дека проевропските сили треба да соберат во себе поголема храброст и да продолжат со реформите за пат кон ЕУ. И затоа мојот апел до политичарите во Македонија е нека спорат за економијата, за здравство, за пензии, за плати, но кога станува збор за приоритетите на земјата-НАТО и ЕУ, тогаш тие за мене се неспорни работи, подвлече Ќучук.

На дополнително прашање дали може да се надминат проблемите со бугарските клубови тој одговори дека на Балканот има повеќе историја, отколку што може да ја носи.

Ако еден ја прочита историјата, друг треба да ја прочита иднината. Ние живееме денеска и сме актуелни политичари, бугарски, македонски, европски. Ја имаме одговорноста да ги пренесеме двете земји во ЕУ, рече на крајот бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.