Ќерката на Насер Зибери, Сихара Зибери Шабани била избрана за нотар во Скопје, непосредно пред неговиот избор за Народен правобранител односно додека во Собранието течеше процедурата за избор на нов правобранител, а во јавноста уште тогаш се споменуваше името на Зибери, објави „Фокус“.

Од Министерството за правда за Фокус потврдија дека ќерка му на Зибери се пријавила на конкурсот за избор на нотари којшто бил распишан во декември.

Уште во декември минатата година беше распишан конкурс за повеќе нотарски места, во повеќе градови низ земјава, меѓу кои и за едно место во Град Скопје. Меѓу другите пријавена беше и Сихана Зибери Шабани. Пријавите беа разгледани од страна на посебна комисија во Нотарската комора која потоа ги доставува до Министерството за правда заедно со извештај за спроведен конкурс во кој е наведена листата на кандидати, одговорија за „Фокус“ од Министерството за правда .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.