Пресудата од 15 години затвор за Јане Ченто во случајот „27 април“ болно одекна во неговиот роден град, Прилеп, јавува дописничката на ТВ Алфа. Прилепчани со жалање констатираат дека казната е превисока, а во неа препознаваат и политички реваншизам.

Бабата на Јане Ченто, Марија Јакимоска – Ченто, ќерка на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто, видно вознемирена во краткиот телефонски разговор за Алфа вели дека не е во состојба да дава изјави, а не можела ниту да го гледа изрекувањето на пресудата на Јане, бидејќи, како што рече, болната историја на ова револуционерно семејство, продолжувала да се повторува.

Огорченост, гнев и фрапираност и во МПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е токму Јане Ченто. И оттаму, засега не сакаа јавно да ја коментираат пресудата.


Извор: Алфа ТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.