Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче веле најави дека владата која ќе ја предводи ќе води политика базира на стратегија, а не коцка. Тој се смета себеси за умерен патриот, а најави дека тоа ќе биде услов за луѓето кои ќе треба да бидат ставени на пратеничките листи.

Треба да се честити луѓе, достоинствени, да имаат десничарски прогресивни идеи, луѓе кои патриоти, умерени патриоти, кои си ја сакаат државата, кои се почитувани во средината во која делуваат, вели Мицкоски.

Мицкоски ја објаснува политката што ја води ВМРО-ДПМНЕ под негово раководство како политика на умерен патриотизам.

За ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, се испраќаа лажни вести во Брисел и Вашингтон, дека ќе ги бојкотира претседателски избори. Во првиот круг одигравме нерешено. Се случи тој инжинеринг помеѓу двата круга, ние освоивме доволен број на гласови, 380 илјади. За жал, тоа не беше доволно да се избере претседател. Потоа сите велеа ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира ЕУ-агендата, ќе ги опструира законите, ќе прави филибастеринг. Напротив, седнавме, учествувавме во парламентот. Па потоа дека ќе сме го напуштале парламентот, не се случи тоа. Па ќе сме организирале насилни протести, не се случи тоа. Потоа, кога дојде екот на најголемите политички и коруптивни скандали заклучно со ‘Рекет’, рековме нема да правиме протести и покрај тоа што бевме жестоко нападнати во партијата. Имаме циркус на политичкава сцена. Пранкери се јавуваат, една година премиерот им пишувал во три насабајле, им дошло преку глава и го објавија скандалот. Како младите генерации да се идентификуваат со такви политичари? Ни се случува морална дисторзија и декаденција на секој чекор. Дадовме шанса до октомври, пишувавме писма, поддршка кај сестринските партии, ете тоа е умерен патриотизам. А што правеше СДСМ како опозиција? Кршеше и бојадисуваше. Нели бројчаник ставија, требаше милијарди да се вратат. Ги вратија, или ја заборавивме „Рекет 2“? Рековме 11 милиони евра биле заробени, па видовме дека тие 11 милиони биле предмет на истата оваа мафија, на уцена да играаат по принципот евро за евро. Ова не може да го избришеме со гумичка. Ќе се сеќаваме или барем еден ќе се сеќава и ќе го споменува секогаш. Е тоа е умерен патриотизам, на сметка на неспособен радикализам, објаснува Мицкоски.

Како радикализам и стратегиски грешки на оваа влада Мицкоски ги осочува „егзибицијата со Преспанскиот договор, економските катастрофални политики, играта „all-in”“, нагласувајќи дека ниту по цена на ЕУ и НАТО не би играл „аll in“.

Како да играм со сите нас? Апсолутно не. Ќе водам политика која што ќе биде базирана на стратегија, а не на коцка. Ќе имаме програма, ќе ја прочитате, ќе ја критикувате, ќе правите рецензија, како што ние деновиве правиме рецензија на програмата на СДСМ од 2016 година. Разговараме со граѓаните. Додека не го завршиме тоа, додека не ја добиеме целокупната навигација, малку нечесно ќе биде ние да промовираме политики без да ги сослушаме граѓаните. Но секако нема да играм all in, ќе играм стратегиски, паметно и тактички исправно, нема да се коцкам со иднината на државата, вели тој.


Целото интервју ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.