Откако вчера ја објави тужбата против Владата на Република Македонија, поради како што вели, геноцидното кршење на личните и неприкосновени права на Македонците во Макдонија и низ светот, професорката Татјана Каракамишева денеска објави дополнителни иструкции до сите оние кои сакаат да се приклучат.

Ќе успееме ако масовно тужиме, апелира професорката.

Драги мои соборци, пополнетите тужби во 2 примерока доставете ги на бул.”Св Климент Охридски” бр 19/1-3, тоа е булеварот спроти Владата на РМ, како што гледате на сликата.

Повелете и контакт телефони:

078 714 127
078 848 886

Значи уште еднаш да повторам, единствена ваша обврска е да ни ја доставите пополнета тужбата, другата обврска за плаќање на судските такси и ангажирање на адвокат во постапката ќе биде покриено од нашите браќа и сестри од дијаспората преку директни плаќања до Судот и до адвокатите. Вие нема да имате никакви дополнителни обврски.

ЌЕ УСПЕЕМЕ АКО МАСОВНО ТУЖИМЕ, ОВА Е НАЧИНОТ КАКО ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ ОВАА ОДРОДЕНА ВЛАСТ!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.