Според собранискиот Кодекс за однесување на пратениците во Собранието донесен во јуни 2018 година како дел од дијалогот помеѓу власта и опозицијата насловен Жан Моне, пратеникот Павле Богоевски како претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања треба да повика двајца експерти по етика за да утврдат дали го прекршил истиот.

Според членот 2, целта на овој кодекс е зачувување и афирмирање на достоинството на Собранието и пратениците како и да ја зголеми довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и интегритетот на фунцкијата пратеник како индивидуа и на Собранието како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија и носител на законодавната власт.

Како носител на јавна функција треба да покаже морална величина и да постапи според овој кодекс, а тоа прашање може да го покрене и собранискиот спикер Талат Џафери.

Скандалот со пратеникот Павле Богоевски каде беше објавена снимка од негов разговор на која наводно нарачува кокаин предизвика лавина реакции во јавноста, и потегна голем број на прашања од морално-правна дилема во општеството. Голем број на интелектуалци од различни сфери побараа негова оставка посебно после неговото јавно признание на фејсбук дека сепак набавил забранета супстанца со што и призна дека извршил кривично дело.

Несомнено е дека овој скандал силно го наруши интегритетот и на функцијата пратеник како и на Собранието со што исполнети се условите за првпат во македонскиот парламент да се покрене прашањето за етичкото постапување на пратениците во конкретниов случај Павле Богоевски ? Тоа е така затоа што во најмала рака самиот Богоевски призна дека набавувал забранети супстанци и тука не само што се покренува прашањето за кривична одговорност туку и за моралната одговорност како носител на јавна фунцкија.

Играта на случајот сакаше оваа постапка да треба да ја покрене никој друг туку самиот Павле Богоевски. Според членот 15 од собранискиот Кодекс за етика, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е надлежно тело кое треба да утврдува дали пратеник постапил спротивно на општо-прифатените норми на однесување и го нарушил угледот на највисоката институција во државата.

Комисијата чиј претседател е Павле Богоевски треба да повика на консултации двајца експерти по етика, најверојатно универзитетски професори, еден предложен од власта, еден од опозицијата кои би дале начелни етички ставови и мислења во врска со случајот на Павле Богоевски и набавката на забранетии супстанци во рамкие на својот професионален интегритет. Тоа би било добро и за самиот Павле Богоевски да ги презентира своите ставови и гледишта дали смета дека го нарушил угледот на фнцкијата пратеник.

Според етичкиот собраниски кодекс, пратеникот е должен да не го повреди угледот на Собранието, особено ако се има предвид дека пратениците го претставуваат народот во текот на целиот мандат и не само во парламентарната зграда.

 

Извор: Магазин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.