Откако деновиве излезе во јавност информацијата дека министерот за образование Арбр Адеми, заменикот во МВР, Нухиу и уште двајца високи функционери незаконски се стекнале со звањето доцент на Тетовскиот универзитет, почна да се одвртува клопчето, но се чини без некаков голем ангажман. Имено, најпрвин вицепремиеро Бујар Османи ги отфрли ваквите тврдења кои во јавноста ги презентираше просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски.

Османи ги нарече шпекулации тврдењата на Илиевски и рече дека треба да се остават институциите да си ја завршат работата.

Но, повторно институциите не ја врашат како што треба работата. Вонредниот надзор на Тетовскиот универзитет ќе го врши раководителот на секторот за инспекциски надзор, Афри Саљију, кој, според просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, има голем конфликт на интереси.

Во писмото кое вчера го објави Илиевски напиша дека не е изненаден од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, и раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Африм Саљиу, со ваквото соопштение бидејќи тие му вршеле притисок со закани да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија, оти ќе трпи последици ако не ги повлече записниците. Таквите закани се случиле на одржаниот состанок на 10.05.2019 година во канцеларијата на директорот, каде што биле присутни неговите колеги Предраг, Зоран, Весна, Христина, Даниела, Снежана. Како што вели Ѓорѓи Илиевски, Саљији не смее ни да влезе во овој факултет бидејќи неговата ќерка работи таму.

Самото негово одење таму има судир на интереси бидејќи на тој Правен факултет каде што извршивме инспекциски надзор е вработена неговата ќерка. Тоа е судир на интереси тој да истражува. Ќе биде интересно да се види што ново ќе откријат по нашите документи – изјави Илиевски за ТВ 24.

Илиевски ги откри незаконските професорски дипломи на министерот за образование, Адеми, и на заменикот во МВР, Нухиу.

Адеми, пак, денеска, иако бил поканет, не присуствуваше на свеченоста на скопскиот универзитет „Мајка Тереза“ по повод одбележувањето на првата генерација на дипломци, а во изјава за медиумите рече дека не се криел, туку службено бил во Љубљана.

Немам зошто да се кријам, јас за обвинувањата од просветниот инспектор Илиевски одговорив и сега истото го велам и ги охрабрувам институциите да го истражат случајот бидејќи сум убеден дека нема ништо незаконско околу мојот статус на Тетовскиот државен универзитет од каде што дојдов на министерската позиција. Местото ми мирува и ќе се вратам таму кога ќе ми заврши функцијата министер за образование и наука, вели Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.