Локализирани карантини во одредени општини каде има зголемен број на заболени, по примерот на Дебар. На жителите во Тетово, Штип, Сарај, Чаир, Гази Баба им се заканува ограничување на движењето, доколку во наредните денови продолжат да растат кластерите на зараза, најави министерот за здравство. Ова следува по денешната аларматна статистика во која се евидентирани дури 4 смртни случаи и 52 новодијагностицирани со Ковид 19. Дури половина од нив, односно 26 се во главниот град. Филипче вели дека нема да има враќање на полицискиот час во цела држава, но повторно ќе воведат таргетиртани рестрикции ако состојбата не се промени.

Ако се воведе карантин тоа ќе биде по примерот на Дебар, односно ќе биде забрането движење надвор од посочениот регион, како и забрана за движење внатре во регионот – вели Венко Филипче, министер за здравство.

Иако министерот очекува денешната голема бројка на заразени да биде само варијација и да не дојде до нови рестриктивни мерки, сепак, потврди дека на терен состојбата е драматична. Во Тетово и околината граѓаните не ги почитуваат превентивните мерки, а епидемиолозите не можат да дојдат до контактите на позитивните случаи а имало ситуации кога добивале и закани од семејствата.

Уште една лоша состојба со која се соочуваат колегите епидемиолози е што се кријат контактите, даваат лажни телефони, а има и такви кои бегаат и не можат да им се издадат решенија – вели Филипче.

Министерот за здравство најави дека на почетокот на наредната недела ќе донесат одлука и за отворање на границите и тоа конкретно со соседните земји кои веќе донесоа одлкуа за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.