Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.

Во соопштението се наведува дека Владата ги задолжила Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност, Управата за финансиска полиција, Царинската управа, УЈП и Управата за финансиско разузнавање, најдоцна до 1 март во веб-апликацијата „Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари“, да ги внесат односно ажурираат внесените податоци за сите кривични пријави односно извештаи за случаи на корупција и перење пари доставени до основните јавни обвинителства во периодот јануари 2019 година – декември 2020 година, за целосен увид во статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.