Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот ја закажа 32. седница со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата. По неа ќе се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки за да може фирмите на своите работници да им исплатат плати.

До денеска, нема договор со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од која се потребни неколку пратеници да се присутни на седница, зашто нема кворум поради тоа што има тројца пратеници од власта позитивни на коронавирус.

Кворум може да обезбедат и пратениците од албанската опозиција.

Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација, се закануваат пратеници од владејачкото мнозинство.

Она што треба секој да го знае, а особено народните избраници од парламентарното мнозинство е тоа што доколку едно лице има решение за изолација, а во случајот пратеници од владејачкото мнозинсто, својот дом единствено можат да го напуштат за одење на лекар.

Секое друго напуштање и непочитување на издаденото решение за изолацијапретставува кривична одговорност според Членот 206 од КЗ на Република Македонија. Во случајот одењето со скавандер на заразени пратеници со коронавирус на седница во Собранието на Република Македонија е кривично дело и казниво согласно закон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.