Пратеничката од ЛДП, Јулијана Николова, најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на марихуаната за општа употреба.

Како што рече Николова, ова законско решение ќе го иницирале со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап.

На прашањето зошто токму сега иницираат легализација на марихуаната по скандалот со Богоевски, Николовска образложи дека нема поврзаност со настанот и оти на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здужението „Билка“.

Инаку претеникот Павле Богоевски деновиве е во тесно, откако во јавност излезе снимка на која во алкохолизирана состојба според јавноста нарачува наркотична супстанца. Боговески на снимката вели: „Пола да доднесеш, „Ајде ама спреми ми убао, важи?“, по ова се крена голема прашина, по социјалните мрежи се пишуваше дека Богоевски всушност нарачува Кокаин. Па по 24 часа од објавата на снимката и реакцијата на народот пратеникот се огласи со статус дека во разговорот зборува за масло од канибас, а не за Кокаин.

По неговата објава не стивнуваат рекциите:

Откако е побарана одговорност од него, Богоевски сам се пријави во полиција.

Иако Павле Богоевски ја потврди автентичноста на снимката од која се слуша дека нешто порачува…., aктивистот Петрит Сарачини, кој е ангажиран во пи-ар службата на Владата, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски за аудио-снимката со теорија дека е сечена, лепена, монтирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.