Професорот Тони Дескоски кој на правниот факултет Јустинијана први предава меѓународно приватно право открива дека анексот на договорот со Бугарија кој вчера го најави бугарскиот вицепремиер Каракачанов ќе се именува како
“Протокол”.

Дескоски кој инаку е сопруг на екс министерката за правда и образование
Рената Дескоска вели дека анексот не само што треба да буде објавен туку и да
биде ратификуван во парламентот.

“Не само да се објави, туку и да се ратификува во Собранието согласно член 118 од Уставот.
Инаку, Анексот всушност ќе има назив Протокол (Меѓународен договор со кој се менува или дополнува постоечкидоговор)”, пишува Дескоски како коментар во дебата за потребата од јавно објавување на 12 точки од анексот што гопредлага Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.